Фјури планира да купи фудбалски клуб од Англија

Познатиот британски боксер Тајсон Фјури прифати борба против Дерик Чисоре, а во меѓувреме се појавија информации дека тој планира да купи и англиски нисколигаш.

Фјури е голем навивач на Манчестер јунајтед, но сепак тој нема доволно пари за да го купи премиерлигашот, па наводно сака да го земе Моркамб кој се натпреварува во Лига 1.

Моркамб игра лошо оваа сезона и се наоѓа на последната позиција во третиот ранг на англиски фудбал со само осум освоени бодови од 13 меча.

„Размислувам да го купам Моркамб и да инвестирам милиони во нив со цел да напредува екипата. Добив понуда да го купам клубот, па наскоро би можел да го направам тоа“, кажал Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО