Фјури најави повлекување по мечот со Вајт: Не треба веќе на никого да се докажувам

Британскиот боксер Тајсон Фјури шокираше со изјавата во која објави дека се пензионира по мечот против Дилиен Вајт. Џипси кинг ќе го брани шампионскиот појас на ВБЦ против предизвикувачот Вајт на 23 април на Вембли.

Непоразениот Фјури во кариерата забележа 31 победа, а еден меч заврши нерешено.

Тоа беше првата борба против Дионтеј Вајлдер, во другите два меча Џипси кинг го победи Бронзениот бомбардер со нокаут.

Фјури откри дека по борбата со Вајт има намера да се повлече од боксот.

„Одам во пензија, немам потреба повеќе да се докажувам никому“, изјави Тајсон Фјури.

„Имам 34 години, а ова е мојата последна борба. Имам 150 милиони фунти во банка, изгледам добро, здрав сум и млад. Ќе купам огромна јахта. Имам еден куп автомобили и имоти низ целиот свет“.

Фјури верува дека мечот меѓу шампионот Александар Усик и Ентони Џошуа нема да се одржи наскоро, барем не во мај или јуни. Но, не планира да оди на тој меч.

„Ќе седам на плажа со секси плавуша, ќе пијам „Пина колада“ и ќе размислувам како успеав во животот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО