Фјури: Мечот со Џошуа ќе биде најлесниот во мојата кариера

Тајсон Фјури продолжува да постира за евентуален меч со актуелниот светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа. Поранешниот носител на круната не престанува да коментира за својот сонародник.

„Ако треба да си избирам ривал, тоа ќе биде Ентони Џошуа. Тој е спортист со животинска сила, кој се потпира на само еден удар. Тоа е сонот на секој боксер. Ќе се умори само по 4-5 рунди, бидејќи неговите мускули ќе истрошат енергијата. Потоа ќе има потреба од уште пет рунди за да се опорави. Немам никакви сомнежи дека оваа борба ќе биде лесна задача, дури ќе е најлесниот меч во мојата кариера“, коментира Фјури.

Се очекува судирот меѓу двајцата непоразени боксери да се случи следната година.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО