Борец во Африка го измести лактот во првата рунда и така се бореше до третата (ВИДЕО)

Mинатиот викенд во Јоханесбург во Јужна Африка се одржа ЕФЦ Ворлдвајд настанот кој обилуваше со одлични потези и брутални нокаути за кои се бозрува и неколку дена подоцна. Некои од мечевите беа толку добри што преку ноќ стана вирални и завршија на многу портали кои инаку не се занмаваат со ММА сцената во Јужна Африка.

Особено импресивен перформанс пружи Франсоа Гроенвалд. Иако не победи, Гроенвалд пружи исклучително храбра и пожртвувана претстава против Филип Руш. Имено, Гроенвалд веќе во првата рунда му се измести лактот, но и покрај ужасната повреда борец издржа речиси до самиот крај. На Руш за време на средбата му напукна јаболчната коска. На крајот, заедно се пренесени во болница.

ЕФЦ Ворлдвајд излезе со соопштение во кое се потврдува дека ќе ги покрие сите медицински трошоци за двајцата, затоа што сите од нивни борци се осигурени. Што е голема реткост во ММА светот.

Погледнете го овој одличен меч:

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО