Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија Тајсон Фјури објави листа на желби ривали со кои би сакал да се сретне на професионалниот ринг.
Цел №1 за Британецот е меч со сонародникот и актуелен носител на шампионските појаси во верзиите ИБФ, ВБА и ИБО, Ентони Џошуа, а информациите се дека дуел меѓу нив може да се одржи во април следната година.
„Мојот меч против Џошуа ќе биде најголемата средба во боксот. Но има и други тестови кои ме мотивираат. Сакам да боксирам со Дионтеј Вајлдер, Џозеф Паркер, дури и со Александар Поветкин“, изјави Британецот.
Тајсон Фјури има 25 победи во 25 средби како професионалец, од кои 18 со нокаут.
Последен пат беше во рингот на 25 ноември 2015 година, кога го победи на поени во 12 рунди во Дизелдорф со едногласна судиска олдука Владимир Кличко и ги освои светските титули во тешка категорија во верзиите на ВБА, ИБФ, ИБО и ВБО.
Минатата година Фјури два пати го одложуваше реваншот со Кличко, а на 22 септември даде позитивен допинг-тест на кокаин. Потоа во средината на октомв изјави дека се откажува од појасите и дека ќе подложи со лекувањето, но и дека има намера да се врати во боксот.
https://www.instagram.com/p/BVSOslbD9a-/
.