Официјално потврдено: Мек Грегор – Мејведер на 26 август

Кога почна приказната за бокс мечот помеѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор многумина не веруваа дека тоа може да се случи.

Но, поранешниот најдобар боксер на светот ќе се врати од пензија за на 26 август во Лас Вегас да се бори со шампионот на УФЦ во лесна категорија Конор Мек Грегор. Борбата ќе се одржи на тежина до 70 килограми.

Веста ја објави Мејведер преку Инстаграм.

28-годишниот Ирец е единствениот борец кој истовремено ги држеше титулите во две тежински категории, а ова ќе му биде професионално деби. Мејведер се враќа во рингот со скор од 49-0. Во последната борба во септември 2015 година го победи Андра Берто.

Борбата не се одржува за ниту еден значаен појас.

И двајцата борци ја потврдија веродостојноста на информацијата најавувајќи го мега спектаклот кој ќе се случи во Лас Вегас на 26 август.

Светските медиуми пренесуваат дека двајцата борци за најпосакуваната борба ќе заработат по неверојатни 100 милиони евра.

https://www.instagram.com/p/BVVcvO8gIhc/

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО