Фјури избувна: Јас сум Кинг Конг! Никој не може да ме победи

Британскиот непоразен боксер, актуелниот шампион на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, објави нова објава на социјалните мрежи во која вели дека ниту еден друг борец не може да го победи.

„Џипси Кинг се уште е народен шампион. Имам мадиња како Кинг Конг. Ниту еден маж роден од мајка не може и нема да може да ме победи. Ова е моја ера, боксот е моето кралство. Целата моја слава ја посветувам на Исус Христос, мојот Господ и Спасител“, напиша Фјури на својата страница на социјалната мрежа.

Последната борба Фјури ја водеше во декември минатата година и предвреме забележа победа над сонародникот Дерек Чисора. Вкупно Фјури во професионалната кариера има 33 победи и едно реми.

Британецот би можел оваа пролет да ја има следната борба со Александар Усик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО