Фјури и Вајлдер ќе имаат трилогија летово

Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер ќе имаат тилогија. Промоторот на Фјури, Френк Ворен објави кога ќе се случи реваншот според клаузулата од договорот.

Како што објави Ворен, новата пресметка на Фјури и Вајлдер ќе биде во јули годинава и тоа веќе извесно повторно во Лас Вегас, иако промоторот на првакот Фјури посакувал пресметката овојпат да биде во Велика Британија.

Фјури во седмата рунда го сруши Вајлдер за светската титула во ВБЦ-категоријата, откако после нокдаунот, тренерот на Вајлдер го фрли пешкирот во рингот и беше прекината борбата. Ова беше втор меч помеѓу двајцата боксери, откако првиот во 2018 година заврши нерешено, после многу контроверзи, иако и на тој Фјури беше подобар

„Дионтеј сè уште официјално не ја активирал клаузулата од договорот за реванш, ама јасно ни стави до знаење дека наскоро ќе го стори тоа. Во тоа не се сомневам. Ако се случи такво нешто официјално, би сакал борбата да биде во Велика Британија, но сега за сега стои дека треба да се одржи во јули во Лас Вегас“, вели Ворен.

Според најавите мечот треба да биде пред 60.000 гледачи, а точниот термин – 18 јули. Сепак, од таборот на Фјури бараат начин да се пролонгира боксерскиот спектакл, иако тоа е малку веројатно ако Вајлдер официјално ја активира клаузулта.

Ова значи дека пред ноември-декември, Фјури нема да може да ги вкрсти ракавиците со Ентони Џошуа, меч кој се најавува како спектакл на деценијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО