Фјури и Усик се соочија пред борбата во февруари (ВИДЕО)

Борбата за неприкосновен шампион во тешка категорија меѓу Тајсон Фјури и Александар Усик е потврдена за 17 февруари.

Фјури ја заложува титулата на ВБЦ против Усик, кој е шампион на ВБА, ИБФ и ВБО, во Ријад, Саудиска Арабија. Тие се соочија и мораше да бидат разделени по жестоката прес-конференција на која се потврди датумот, 17 февруари 2024 година.

Двојката излезе лице в лице на прес-конференцијата што се одржа во Лондон. Прекинувајќи му го зборот на промоторот на Усик, Александар Красјук, Фјури се насочи и на шефот на К2 Промоушнс и менаџерот на Украинецот Егис Климас.

Тајсон вети дека ќе му ги одземе појасите на ист начин како што тоа го направи со Владимир Кличко во 2015 година. Нивната борба се очекуваше да се одржи во декември, но Фјури се повлече по тешката борба со Френсис Нгану.

Усик ја спореди борбата со Фјури со библиската приказна за Давид и Голијат. Верува дека ќе успее да го победи гигантот и да замине како неприкосновен шампион.

Видео од прес-конференцијата:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО