Фјури и КонорМек Грегор во отворена вербална пресметка

Професионалниот боксерски шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, влезе во прилично отворена вербална престрелка со ѕвездата на УФЦ, Конор Мек Грегор. Си разменија серија „учтивости“ на социјалните мрежи, а причина за тоа било мислењето на „Џипси кинг“.

На почетокот на овој месец, Тајсон напиша дека му се поклонува на Хабиб Нурмагомедов, кој го напушти спортот како актуелен светски шампион во полусредна категорија без ниту еден пораз во 29 меча во кафезот. Објавата беше придружена со фотографија од Орелот со тим на Манчестер Јунајтед.

Иако беше задоцнет, одговорот на Конор сепак дојде. Тој го искористи моментот да се исмева со еден од пријателите на Тајсон, Били Џо Сандерс. Британецот се повлече од професионалниот ринг минатата година по поразот од Канело Алварез.

„Што се случи со Биг Џо! Што направи за да му помогнеш? Ништо. Му требавте на неговиот татко, а каде бевте? Да ме побиеш? Дури и кога грешам, сепак сум во право. А ти си ништо“, беше дел од цитатот на Мек Грегор.

Како резултат на тоа, Фјури исто така не пропушти да го каже својот став и да каже што навистина мисли за Конор.

„Врати се кога ќе добиеш меч, глувче. Разликата меѓу мене и тебе е во тоа што јас не запаѓам во неволја и на луѓето навистина им се допаѓам, а ти си насилник кој само ги удира постарите луѓе“.

Во текот на престрелката многумина побрзаа да побараат од двајцата да ги решат разликите во рингот. Но, нешто што тешко дека некогаш ќе го видиме.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО