Шампионот во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, го повика Ентони Џошуа да биде претпазлив во мечот со Кубрат Пулев, бидејќи средбата ќе биде опасна и тешка.
Џошуа и Фјури имаат закажано средба за обединување во 2021 година, но пред тоа на 12 декември Ентони мора да ги брани титулите против Пулев. Фјури истакна дека Бугаринот е гладен за успех.
„Во последните пет години тој ја чекаше својата шанса откако загуби од Владимир Кличко. Ќе биде тешка битка за Џошуа“, изјави Фјури за Ток спорт.