Убавица го напаѓа Хабиб: Тој поттикнува насилство

Руската натпреварувачка Каролина Севастијонова јавно ги поддржа своите колеги, кои сметаат дека рускиот претседател Владимир Путин не треба да додели орден „Херој на Русија“ на Хабиб Нурмагомедов.

Голема бура избувна во земјата поради фактот дека Дагестанецот ќе добие орден, а истовремено преку социјалните мрежи му испрати закани до францускиот претседател Емануел Макрон.

Олимписката шампионка во ритмичка гимнастика Севастијонова се приклучи на група спортисти кои не поддржуваат доделување на титулата Хабиб „Херој на Русија“.

„Поттикнувањето на насилство од Хабиб е застрашувачко. Целосно сум против тоа. Благо речено, ова не е правилно. Живееме во многу нестабилен свет … Зошто го поттикнува насилството? Особено сега кога треба да си помагаме, а не да се убиваме. Мислам дека тоа е поради неговиот темперамент“, рече убавицата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО