Фјури го нарече Вајлдер страшливец без мозок и му покажа – среден прст (ВИДЕО)

Во пресрет на вечерашната трета борба за шампионскиот појас во тешка категорија ВБЦ верзијата меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер, синоќа во Лас Вегас се случи традиционалното мерење пред борбата, а со тоа и соочување на ривалите.

Фактот што се најдоа еден спроти друг донесе стравична војна со зборови и хаос, кој навестува уште еден боксерски спектакл. Фјури на мерењето дојде со маска и шешир, но и маица која воопшто не ја симна, што беше протоклувано дека претерал со качувањето килограми. Тој не ја пропушти шансата да го навреди противникот.

„Вајлдер е страшливец без мозок“, изјави Британецот и покажа среден прст во негов правец.

Американецот, пак, гордо ги покажуваше своите мускули и потенцира зошто ја зголемил мускулната маса пред борбата.

„Додадов неколку килограми така да противникот сега нема да може да ‘легне’ на мене и да ме турка, како што правеше во мојата најлоша ноќ во кариерата“, изјави Вајлдер.

Двата боксери досега имаат по еден триумф во меѓусебните пресметки, а ова речиси сигурно ќе биде крај на нивната војна, откако од ВБЦ веќе најавија дека победникот од вечерашниот дуел ќе мора да ја брани титулата против подобриот од борбата на предизвикувачите Дилијан Вајт и Ото Валин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON