Тајсон Фјури потежок 18 килограми од Дионтеј Вајлдер (ВИДЕО)

Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер го имаа официјалното мерење и последното соочување пред долгоочекуваната борба меѓу љубителите на боксот. Ова ќе биде нивна трета борба, со што ќе се комплетира големото ривалство што се создаде меѓу двајцата феноменални боксери.

Фјури тежи 17,6 килограми повеќе од неговиот ривал. Кога Британецот и актуелен шампион на ВБЦ во тешка категорија стапна на вага, таа покажа 125,6 килограми, што е најмногу во неговата кариера. Вајлдер, од друга страна, тежи 108 килограми.

Фјури дојде на мерење со црна капа и маска на лицето, а она што многумина ги изненади е фактот што цело време носеше маица на официјалното мерење, па многумина шпекулираат дека тоа е затоа што има вишок килограми.

На прашањето што покажала вагата, Фјури рече дека тоа значи дека Вајлдер по борбата оди во болница.

Тајсон Фјури – 125,64 кг / 277 фунти

Дионтеј Вајлдер – 107,95 кг / 238 фунти

Роберт Хелениус (246) – Адам Ковнацки (258)

Ефе Ајагба (237) – Френк Санчез (240)

Џаред Андерсон (240) – Владимир Терешкин (256)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО