Фјури: Фјури животот не е како на Инстаграм, во реалноста работам до крајни граници

Тајсон Фјури е во Лас Вегас каде што на 22 февруари по втор пат ќе се бори против шампионот на ВБЦ Дионтеј Вајлдер.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, кој во реванш со Американецот се надева дека ќе го освои единствениот појас што досега не го имал, се јави преку Инстаграм за да не потсети дека она што го гледаме на Инстаграм не е реално.

„Можеби ми се чини дека сум во џакузи опкружен со палми и ведро небо во Лас Вегас и го живеам сонот. Ролекс на рака, очила на главата. Но, во реалноста, не на Инстаграм, јас сум во напорен тренинг камп и навистина е досадно и истото го правиме од ден на ден“, рече „Кралот на Циганите“.

„По Инстаграм може да помислите дека одлично се забавувам, дека уживам, го живеам сонот, дека сè е фантастично. Но, во реалноста работам до крајни граници секој ден. Мртов после тренингот. Во моментов се опоравувам во базенот, бидејќи зглобовите ми се отечени и ми треба закрепнување“.

„Значи, што и да гледате на Инстаграм, како и да се обидувате другите да влијаат на вашиот живот или се обидете да преземете нешто од другите, запомнете го ова: Тревата не е секогаш зелена некаде на друго место и се што е добро во животот доаѓа од напорна работа”.

https://www.instagram.com/p/B7EmLx0p5_B/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО