Фјури: Еди, најдобро би било да му даде уште една лименка пиво и таа старата зацрвенета будала да ја вратиш во ормарот

Не требаше долго да чекаме Тајсон Фјури да му одговори на Бери Херн.

Основачот на Мечрум и татко на Еди Херн на прес-конференцијата за борбата меѓу Дилиен Вајт и Оскар Ривас кажа многу работи.

Му честиташе на Тајсон Фјури борбата со 93-от тешкаш во светот според Boxrec Том Шварц, иако Германецот е 37 на нивната ранг-листа и втор на листата за предизвикувачи на Светската боксерска организација (ВБО).

Покрај тоа, додека седеше до Дилиен Вајт, кој е црнец, зборуваше како било супер во времето додека тој дрмаше со боксот, бидејќи имале робовладетелски договори и биле апсолутни газди, а сега својот боксер морал да му се обраќа со господине Вајт.

„Еди, те молам стави го во ред твојот татко. Ти ја уништува работата“, рече Фјуи.

„Прво, зборува за робови и продажбата на робови, додека седи до Дилиен Вајт Второ, зборува на јавноста: Ако не ви се допаѓа не мора да плаќате Се е на плати па гледај, не ми е гајле дали сакате да платите или не“.

„Потоа пласира лажни информации за Том Шварц, иако и двајцата знаеме дека е рангиран на второто место на ВБО и во првите десет од страна на ИБФ. Еди, најдобро би било да му даде уште една лименка пиво и да го вратиш во ормарот, таа старата зацрвенета будала“.

„Дајте му четири Стели и врати го каде што му е местото пред да ти го уништи бизнисот. Еди, ти се обидуваш се со својата голема насмевка и со лице на згодна битанга, но твојот татко дојде и сето тоа го заѓубри. Врати го во ормарот со многу лименки Стела“

https://www.instagram.com/p/Bw2HBGklz4y/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО