Фјури е убеден дека Вајлдер „ќе го убие“ Џошуа

Тајсон Фјури ќе биде на страната на Дионтеј Вајлдер во очекуваниот судир со Ентони Џошуа на крајот на годината доколку двајцата можат да се договорат за борба.

„Џипси Кинг“ верува дека „Бронзениот бомбардер“ ќе го убие „Еј Џеј“, пренесе Боксинг ТВ.

Американецот и понатаму има најголем успех во нокаути во професионалниот ринг, па прелиминарните прогнози се за негов дефинитивен успех.

Сепак, не треба да заборавиме дека Џошуа е двократен светски шампион во четири различни организации. Секое негово потценување би било фатално за секој во спортот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО