Фјури го претпочита Жан, и покрај преговорите со Руиз

Изгледа дека тимот на Тајсон Фјури напорно работи на мечот против Жан Жилеј и покрај речиси финалните преговори со Енди Руиз Јуниор, пишува Сан.

„Ромскиот крал“ не може да си дозволи уште долго да бара противник откако изгуби премногу време во разговорите со Александар Усик, а двајцата потенцијални противници веќе докажаа дека можат да ги полнат салите со своите мечеви.

Латиноамериканецот во текот на неделата откри дека „во пракса зделката е финализирана“, но се уште ништо официјално не е објавено.

„Биг Бенг“ се врати по пауза и за ИФЛ.ТВ призна дека веста за преговорите со Британецот била пријатно изненадување и за него, бидејќи веќе изјави дека овој меч го посакува од рингот при нокаутот над Џо Џојс од пред неколку недели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО