Фјури бил поврзан со криминална банда!?

Познатиот британски боксер и светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури е поврзан со криминалната банда Кинахан.

Станува збор за клан од Ирска на чие чело е Даниел Кинахан кој работеше како советник на Фјури во минатото. а за кого САД распишаа награда од 5 милина дораи за негово апсење.

Овој клан е создаден пред 30 години и во моментов делува во Дубаи, Ирска, Велика Британија и Шпанија, а се занимава со продавање на дрога и перење на пари, додека во минатото е поврзуван и со убиства.

„Би-би-си“ објави дека комесарот на ирската полиција ги поздравил санкциите кои се воведени против членовите на бандата и ги предупреди дека не можат засекогаш да се кријат од правдата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО