Фјури: Би го претепал Усик до бесвест

Шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, е сигурен дека ќе го нокаутира Aлександaр Усик во шест рунди.

Непоразените боксери требаше да се соочат пред речиси еден месец, но борбата за неприкосновен шампион на дивизијата пропадна. Сега се надеваме дека таа ќе се одржи во декември во Саудиска Арабија.

„Би го претепал до бесвест. И доста брзо. Мислам дека оваа борба нема да оди во шест рунди. Никогаш. Сите го преценуваат овој човек поради начинот на кој го победи Ентони Џошуа. Но Џошуа не е ист како порано. Мислам дека измина долг пат. И јас не сум Џошуа. Би го уништил Усик“, изјави Фјури за Фокс спрот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО