Кога Рори Мекдоналд се подготвуваше за Даглас Лима, тој изрази желба да учествува на турнирот на Белатор во тешка категорија. На турнирот учествуваат е многу поголеми имиња од него, како Митрион, Нелсон, Емелијаненко и други. На Рори Мекдоналд нема да му бидат лесни средбите со нив, но неговиот тренер, Фирас Захаби, не мисли така. Во емисијата „ММА час“ тој рече:
„Рори е во најдобра форма додека Федор не е. Мислам дека Рори може да го нокаутира, а тоа ќе биде голема победа за него. Рори е борец и категориите не го загрижуваат“.