По иницијатива на академик д-р Жан Митрев, Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ од денеска е медицински партнер на двократниот светски шампион во кик-бокс, неготинчанецот Димитар Ѓорѓиев. „Филип Втори“ ќе се грижи за здравјето на светскиот шампион Ѓорѓиев ( 2011 и 2013 година) во категоријата до 74 кг, кој викедов ќе ја брани титулата на Светското првенство во Белград.
Под мотото „За подобро здравје на шампионите – „Филип втори“, со својот професионален пристап и стручен кадар ќе ја следи здравствената состојба на спортистите, ставајќи ги на располагање сите свои технички и човечки ресурси за подобро здравје, а со тоа и подобри резултати на нашите шампиони.
„Огромна благодарност до д-р Жан Митрев и тимот лекари на „Филип Втори“ што јас сум еден од спортистите кои го избраа како дел од оваа програма и што размислуваат и дејствуваат во правец за подобро здравје на спортистите воопшто. Драго ми е што ќе се грижат за моето здравје и одржувањето на мојата психо-физичката кондиција. Убаво е чувството кога некој го препознава значењето на спортот и навистина понира фактот што токму кај нас најдобрите лекари ќе им помагаат на спортистите.“, изјави светскиот шампион по средбата со академик Митрев.
ipon.mk/В.Д.