АктуелноДруги вештиниТаеквондо

Филип Додевски го освои третиот златен медал за Македонија на Балканското првенство (ФОТО)

 

Филип Додевски го освои третиот златен медал за македонската таековондо репрезентација на Балканското првенство во Едрене-Турција. Додевски по втор пат стана балкански шампион во јуниорска конкуренција.

Ова е осмиот медал за Македонија на Балканскиот шампионат по вчерашните седум. Така, нашата репрезентација се закити со 3 златни, 2 сребрени и 3 бронзени медали.

Златни медали освоија Дејан Геогиевски во сениорска конкуренција, Ана Марија Георгиевска и Филип Додевски во јуниорска конкуренција.

Сребрените медали се за Дамјан Трајковски (јуниори) и Филип Стаменов (кадети).

Бронзи: Марко Стевиќ во сениорска конкуренција, Сара Раевска и Мери Ацевска во јуниорска конкуренција.

Ipon.mk/В.Д.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON