Бронза за Филип Додевски на „Софија опен“ со победа на третиот во свет, а во трилер меч му избега финалето (ФОТО)

Филип Додевски (-87 кг) го освои бронзениот медал во сениорска конкуренција на Меѓународниот таеквондо турнир од серијата Г-1 „Рамус Софија опен“ во Бугарија. Ова е голем успех за Додевски, но ќе жали што за влакно му избега финалето.

На Купот со над 1000 натпреварувачи од цел свет, олимписски, светски и европски медалисти, Додевски извојува две победи против Вања Мичиќ од Србија и Иван Шапина од Хравтска, актуелен бронзен медалист од СП. Филип победата јаизвијува со поен, бидејќи резултатот во регуларниот дел беше 20-20.

Несреќно загуби од Даниел Рос Гомез од Шпанија во последната секунда со 12-13.

Шпанецот Даниел Рос освои златен медал, победувајќи го Мигел од Бразил, кој сребрен медалист од последното Светко првенство во Манчестер.

Резултати
Филип Додевски – Вања Мичиќ (Србија) 25-10
Филип Додевски – Иван Шапина (Хрватска) 20-20, победа со златен поен
Филип Додевски – Даниел Рос Гомез 12-13

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО