Блахович: Очекував Адесања да е побрз

Јан Блахович не го криеше задоволството од победата над Израел Адесања во главниот меч на УФЦ 259 и призна дека очекувал повеќе од противникот.

Полјакот победи со едногласна одлука на судиите и по средбата откри дека го изненадила изведбата на Адесања и дека тој треба да го подобри.

„Мислев дека ќе биде малку побрз, не погодуваше многу силно. Беше побавен и погоди посилно, не го очекував тоа. Треба да работам повеќе на левата рака. Да задавам повеќе директи, да го притиснам противникот. Но, планот за мечот е една работа, а самиот натпревар е друга, сосема поинаква“, го анализираше натпреварот Блаховиќ.

Шампионот во полутешка категорија посочи и со кого очекува да се соочи во следната одбрана на појасот. „Мислам дека Гловер Тешеира го заслужува тоа. Ќе почекам малку да се одморам и да бидам со моето семејство. Но, ќе почека, тој ќе биде следниот“.

И покрај поразот, Израел Адесања исто така се обиде да гледа позитивно на она што се случи.

„Работите не излегоа како што сакав јас, но мора да се обидеш да бидеш одличен. Критичарите се настрана, но јас сум тој што се бори“.

Шампионот во средна категорија го објасни и планот за враќање во категоријата по неуспешното деби во полутешка категорија.

„Управувам со железна црна тупаница. Ќе се вратам таму и ќе се фатам за работа. Ако сакате да се симнете од возот за навивачи – слезете од еба*иот воз. Само ќе застанам за да наполнам. Ако сакате да останете, ветувам дека ќе ве направам горди“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО