Поранешниот шампион на Белатор во полутешка категорија, Фил Дејвис, сака да си ја врати титулата. Стана шампион во 2016 година, а една година подоцна загуби од Рајан Бадер, а тоа беше втор пораз за него по оној од „Дарт“.
Дејвис и Бадер се бореа во УФЦ во 2015 година, при штоРајан го победи со поделена одлука. Повторно се сретнаа во Белатор во 2017 година во битка за титулата, а Бадер пак загуби со поделена одлука.
Минатиот викенд Дејвис го нокаутира Лиам Мек Гери и се надева на трета борба со Бадер, но него не му брза.
„Понекогаш треба да направите чекор назад и да влезете во чевлите на другиот. Мора да бидете обожавател на овој спорт. Потребно е многу напор да го направи она што го направи Бадер. Успеа да ја освои титулата во тешка категорија и беше двократен шампион. Згора на сè, ме победи и ја освои титулата. Јас, секогаш егото го оставам пред врата, или барем се обидувам.
Тој немаше да биде во таква положба ако не ме победеше. Сега сакам повторно да се борам со него, но нема да брзам и ќе го чекам моментот. Сакам да се борам со него и нема ништо лошо во тоа“.