Фигередо ноќта пред мечот бил во болница

Шампионот во мува категорија на УФЦ, Дејвсон Фигередо бил во болница до 2 часот по полноќ пред да влезе во октагонот против Брендон Морено.

Тие имаа фантастичен меч кој заврши нерешено, а освојувачот на титулата откри изненадувачки детали од пресрет на судирот.

„Имав инфекција на стомакот претходната вечер. Бев во болница до 2 часот по полноќ, дојдов да се борам со стомак полн со ветер, не знаев дали ќе успеам да се справам. Мечот беше пет рунди, но во реалноста победив. Дури и со болен стомак, дојдов и го бранев она што е мое“, му рече Фигередо на Џо Роган.

Неговиот менаџер Валид Исмаил откри дека по средбата шампионот бил повторно хоспитализиран на прегледи. Исмаил за ММА Фајтинг изјави дека проблемите се поврзани со слабеењето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО