Фергусон за заканата на Хабиб дека ќе заврши како Минотаур:„Ја повторуваш грешката на дон Ањош“!

„Ако Тони Фергусон ми ја подаде неговата рака, ќе скршам како што Френк Мир му ја скрши на Ножеира“, се закани пред неколку недели Хабиб Нурмагомедов. Но, се чини дека зборовите на непоразениот дагестански борец воопшто не го потресоа „Ел Цуцуи“ кој во разговор со Фајт хаб му испрати порака на противникот кој ќе го чека на УФЦ 209.

„Тој лик вели дека сака да ми скрши раката, но ќе ви го кажам она што им го зборував на другите. Сакам да го држам своето новородено дете. Еднаш ја скршив раката, но истиот човек со истата рака го пратив во нокаут. Ќе му врзам шлаканица ако се обиде да ми скрши раката. Слободно пробај, а ако се обидеш, ќе имаш проблеми затоа што ќе те нападнам со се што ми преостанува. Имам лакти, колена, удари со нозе …

Ќе те удирам со се што имам. Подобро ти е да се фокусираш на оваа борба, а не на Мек Грегор, пријателе. Гледаш премногу далеку и ја правиш истата грешка како Рафаел дош Ањош. Тој лик не може да ми прави проблеми и нема да ме натера да се откажам“”, изјави Фергусон.

Овој долго очекуван двобој во лесна категорија на карјот на краиштата би требало да се одржи на 4 март во Лас Вегас во Т-Мобиле арената, а по него ќе го дознаеме привремениот шампион и следниот предизвикувач за Конор Мек Грегор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО