Тони Фергусон не е особено задоволен од коментарите на Дана Вајт дека се прикрил.
Ел Кукуј не се борел по поразот во мај од Џастин Гејџи, а мечот против Дастин Пориер во септември не се одража. Ова го принуди шефот на УФЦ да го обвини Фергусон дека исчезнал од неговиот радар и затоа не можел да му обезбеди борба.
„Слушам дека им треба некој за некој поголем настан. Еден во ноември и еден во декември. Агентот ми рече дека сме подготвени, но сакавме прво да разговараме за парите поради промената на станицата. Отсекогаш сум велел на УФЦ дека сакам да се борам. Не отидов на подкастот на Џо Роган, не го зедов телефонот на Дана. Затоа што сум премногу зафатен со работа или се обидувам да си го поправам животот по сите глупости што ги поминав. Значи, извинете, мамичето мило на сите“, му рече Фергусон на Ариел Хелвани.