Феликс Штурм падна на допинг тест по освојувањето на ВБА титулата

Feliks Sturm - Cudinov

Феликс Штурм падна на допинг тестот по освојувањето на ВБА (Супер) светската титула во супер средна категорија, објави Билд.

37-годишниот боксер чие вистинско име е Аднан Катиќ во февруари со мнозинска одлука во реваншот го победи Федор Чудинов.

Германските весници објавија дека тој бил позитивен на станозолол, стероид кој се користи за „сечење“ на килограмите.

Штурм за Билд демантираше дека користел допинг и вели дека има намера да ангажира адвокат за да го исчисти своето име.

„Се колнам дека свесно не сум користел никакви недозволени средства. Веќе стопати бев  тестиран на примеро од  урина и крв. Никогаш немаше никакви проблеми. Мојата совест е сосема чиста. Одам кај адвокат“, изјави боксерот.

Поради ова би можел да ја изгуби и титулата,која ќе биде вратена на Чудинов,на кого тоа му беше прв пораз во неговата кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО