Фегусон му порача на Хабиб: Подготвен сум за бизнис!

Пет-годишниот поранешен шампион во лесна категорија Тони Фергусон е подготвен за бизнис. Тој има интерес за борба со Хабиб Нурмагомедов, која од УФЦ ја прогласуваат за главна борба на вечерта на настанот во Њујорк во април. Непоразениот Дагестанец веќе го потпиша договорот за мечот и сега топката е префрлена на Тони, кој е несомнено подготвен повторно да прифати ваков меч.

Ел Кучуј е во серија од 12 последователни победи и рече дека е време навивачите да го добијат она што го сакаат. Секој сака да го гледа мечот меѓу двајцата најдобри во лесна категорија. Досега четири пати битката меѓу нив не успеа и сега се надеваме дека конечно ќе ги видиме спротивставени во кафезот.

Во последните  9 борби Тони има освоено бонуси затоа што неговите натпревари се полни со насилство и истото можеме да го очекуваме и во дуелот со шампионот. Тони има освоено 14 од последните 15 средби, а во последната борба во јуни го победи Доналд Цероне со нокаут. Фергусон ги надмина ментални проблеми и на социјалните мрежи изјави дека е подготвен за бизнис со шампионот, кој завчера го потпиша договорот за борбата.

„Нема повеќе играчки. Подготвен сум за бизнис. Време е да им го дадеме на фановите она што го сакаат. Време е повторно да го направиме УФЦ одличен“, напиша Тони.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО