Федор: Скандалот со мелдониумот е манифестација на антируска политика

Fedor i putin na ring

Од воведувањето на мелдониумот на листата на нелегални средства на почетокот на оваа година, повеќе од 200 спортисти беа позитивни во тестови спроведени од страна на Светската агенција за анти-допинг агенција (ВАДА).

Неодамна е откажан мечот светскиот шампион на ВБЦ во тешка категорија помеѓу Дионтеј Вајлдер и Александар Поветкин, бидејќи Русинот беше позитивен баш на таа супстанца.

Федор Емилијаненко верува дека мелдониумот и помага на спортистите да се справат со напорите на тренингот и дека не треба да се забрани.

„Мелдониумот има кумулативен ефект. Останува во системот не повеќе од неколку дена, како што е напишано во упатството за употреба“, рече за руските медиуми.

Мелдониум е антихемиски лек кој стана светски познат откако славната тенисерка Марија Шарапова беше позитивна на него. Лекот ја подобрува циркулацијата на крвта, со што  се зголемува капацитетот за тренинг, со повеќе кислород во мускулите.

Лекот го произведува латвиската компанија Гриндекс. Го подобрува физичкиот капацитет на болните, како и на здравите луѓе и спортисти. Може да се набави само во Руската Федерација и земјите од поранешниот Источен блок.

ВАДА мелдониумот го стави на листата на забранети средства од 1 јануари 2016 година, „заради доказите дека спортистите го користат со цел да ги подобрат перформансите“. Сепак, на нивниот веб-сајт нема информации  зошто супстанцата е забранета. List.wada-ama.org/list/s4-hormone-and-metabolic-modulators/meldonium/

Поранешниот шампион на Прајд смета дека одлуката за забрана и целиот скандал е манифестација на антируска политика.

„Гледате што се случува во светот и во нашата земја. Мислам дека ова со мелдониумот е елемент на антируска политика“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО