Дарко Чатлески: Среќен се сум за големиот успех – првото место на Илиоски и второто на Станојоски (ФОТО)

Trajce Ilioski vo Viena prv 2016

На Светскиот куп „Аустриан опен“ во саботата во Виена во организација на Светската кик бокс федерација Трајче Илиоски од КБК Шампион од Прилеп го освои првото место во лајт контакт за пионери до 51 килограм. На Купот настапија четири борци од КБК Шампион предводени од тренерот Дарко Чатлески.

Darko so borcite vo viena sala 2016

Тренерот на Шампион за Ipon.mk направи пресек на настапот на кикбоксерите кои настапија на „Аустриан опен“.

Dzferovski vo viena K-1 2016

Чателески истакнува дека сениорот Серхан Џафероски (- 81 кг) во К-1 за тртето место се борел против Сархи од Азербејџан. Во сите три рунди борбата била равноправна, а нашиот борец доминирал со рачната техника. Срахи неколку пати бил во ситуација да биде во нокдаун од ударите на Џафероски. Поради предноста на ножната техника Сархи тесно славел со 2-1.

Catleksi i Trajce vo viena 2016

Во дисциплина лајт контак пионери -51 кг во финалната борба Трајче Илиоски со убедлива победа го совладал австрискиот борец Керими.

Sampion borec mavasi Viena 2016

„Нашиот борец доминираше со рачната и ножната техника над противникот во сите рунди. Со убедлива 3-0 заслужено му припадна победата на Трајче Илиоски. Во истата дисциплина за пионери -59 кг во финалната борба нашиот Бојан Станојоски во сите рунди доминираше над автрискиот борец Парајс. По одличната борба и добро прикажаната техника на Станојоски судиите неправедно победата му ја доделија на австрискиот борец Парајс од 2-1“, истакнува Чатлески, додавјќи дека третиот учесник во истата дисциплина и возраст -63 кг, Енвер Османоски, за третото место прикажал добра борба против австрискиот борец Микула. Со тесна одлука на судиите од 2-1 победата му е доделена на австрискиот борец Микула.

Sampion borec viena 2016

„Задоволен сум од настапот на нашите борци. Ова е прв настап на ваков голем меѓународен турнир. Сите се бореа храбро и прикажаа добра техника. Сето ова се должи на нашата заедничка работа, труд и секојдневните тренинзи. Среќен сум за овај голем успех што го направивме – првото место на Трајче Илиоски и второто место на Бојан Станојоски. Македонија ја претставивме во најдобро светло. Сега ќе се концентрираме на Светското првенство што ќе се одржи во Италија во градот Андриа во месец ноември. Исто така сакам им се заблагодарам на сите Македонци од Виена што беа присутни во салата и ги бодреа нашите борци цело време“, рече тренерот Дарко Чатлески.

Sampion borec 3 viena 2016

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО