Федор откри дека не жали што никогаш не се борел во УФЦ: Се потсети и на средбата со Дана Вајт

Дана му понудил договор уште додека бил врзан со потпис за Страјкфорс, но не му пречи што никогаш не се обидел во УФЦ.

Легендарниот Федор Емелијаненко оваа сабота го чека последниот меч во кариерата. По 23-годишна кариера се здоби со статус на вистинска икона на боречките вештини, но годините си го прават своето и тој одлучи дека е време конечно да ги закачи ракавиците. Белатор 290 е настанот на кој настапува, а противник му е стар познаник.

Важно во целата приказна е што Федор не избра лесен противник, туку легитимниот шампион во тешка категорија, Рајан Бадер, кој заслужува поклон. Ако го добие појасот во неговата последна борба, тоа навистина ќе биде голема работа и референца за многумина кои го сметаат за најдобар на сите времиња.

Иако многу фанови го сметаат Федор за најголем, она за што често го критикуваат е фактот што никогаш не се борел во УФЦ со најсилната конкуренција. Токму за ова зборуваше Федор синоќа кога гостуваше на ММАЧас кај Ариел Хелвани:

„Гледам од малку поинаква перспектива. Ако требаше да се случи, веќе ќе се случеше. Тоа не се случи, па не требаше да се случи. Сум се борел со многу шампиони на УФЦ во кариерата и ги победив сите, па искрено не ми влијае премногу што никогаш не сум се борел таму“, изјави Федор.

Тој се потсети и на средбата со Дана Вајт:

„Се сретнавме еднаш. Не знам која беше поентата на средбата. Имав важечки договор со Страјкфорс кога Дана ми понуди договор со УФЦ. Тогаш да го потпишев договорот ќе бев заглавен и ќе требаше да одам на суд. Не ќе можев да се борам за УФЦ или за Страјкфорс. Тоа беше кога бев на одмор на остров, тогаш дојде Дана. Ништо добро“, додаде тој.

Иако не се бореше во УФЦ, сепак, Федор е вистинска легенда и пример за многу генерации кои пораснаа со неговите борби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО