Федор не е заинтересиран за реванш со Бигфут

Во 2011 година големиот Федор Емилијаненко си допушти еден од ретките порази во кариерата, губејќи од Бразилецот Антонио Силва – Бигфут. Тогаш Русинот беше поразен со технички нокаут во меч од Страјкфорс, а беше неговиот втор пораз по оној од Фабрицио Вердум.

Нема сомнение дека тоа е можеби и најголемиот успех во кариерата на Бигфут Силва. Тоа беше причината Бразилецот да премине во УФЦ, но таму не успеа да стигне до титулата, забележувајќи скор од 3-9-1.

Сега бразилскиот ветеран се бори во Русија, а во следниот дуел ќе се сретне со Витали Минаков.

Запрашан дали би сакал реванш против Антонио Силва, особено, имајќи во предвид дека Бразилецот веќе се бори на руско тло, Федор возврати со негативен одговор.

„Не, немам интерес за реванш против Силва. Во моментов мојата цел е да се подготвувам за средбата со Мет Митрион на 24 јуни. Му посакувам успех на Витали Минаков против Бигфут“, изјави Последниот император.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО