Џошуа: Сакам да станам првиот милијардер во боксот

Англискиот боксер во супертешка категорија, Ентони Џошуа, ја откри мечтата кон која се стреми. Светскиот шампион на Меѓународната боксерска федерација (ИБФ) сака да стане … милијардер.

27-годишниот Џошуа можеби е најдобаро рекламираниот натпреварувч на глобално ниво. Сепак, рече дека неговиот главен приоритет остануваат титулите.

„Кога почнав да се натпреварувам професионално, целта беше да станам мулти милионер. Но сега има обични луѓе, баби, дедовци, кои поседуваат милиони само поради своите имоти. Затоа сега сум се амбициозен да станам милијардер“, рече Џошуа.

„Да се ​​биде милионер е убаво, но треба да си поставуваш повисоки цели. Ако заработам 100/150 милиони фунти зошто да не станам милијардер“, додаде боксерот.

Џошуа ги продолжува подготовките за мега судирот со Владимир Кличко кој ќе се одржи на 29 април на „Вембли“ во Лондон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО