Легендата на ММА во тешка категорија Федор Емилијаненко рече дека може да да одржи уште неколку меча по планираната борба со Тимоти Џoнсон.
Емилијаненко и Џонсон викендов ќе се соочат на турнирот на Белатор во Москва.
„Сакам да продолжам да се борам, но морам да го исполнам договорот со Белатор“, рече Емелијаненко и додаде: „Потпишавме документи и јасно е дека можам да се повлечам од спортот во секое време.
Но, ако Бог ми даде сила, би сакал повторно да се борам по оваа средба“.
Џонсон (36) има професионална кариера од 15 победи и 7 порази.
45-годишниот Емилијаненко има скор од 39 победи и 6 порази.
Руската ѕвезда привремено се повлече од спортот помеѓу 2012 и 2015 година. Кога се врати забележа 7 борби.