Еден од најголемите МMА борци на сите времиња, Федор Емилијаненко, веќе во неколку варати изјави дека не е поборник женскиот ММА спорт, а деновиве го потврди тој став.
Федор Емилијаненко неодамна даде интервју за WhoaTV , а една од темите беше женското ММА. Федор во таа прилика изваји дека ја видел борбата на најголемата ѕвезда на женското ММА, Ронда Русеј, но и повтори дека не е поддржувач на женското ММА.
„Жените не би требало да се натпреваруваат во ММА и УФЦ, затоа што ова е спорт за мажи. Постојат многу спортови во кои жените се однесуваат како жена, како гимнастика, спортовите на вода и некои атлетски дисциплини. Жените не треба да се борат. ММА е за мажи. Тоа е машки спорт“, го изнесе својот став Федор.