Федерацијата за пеливанско борење на Македонија примена во Европската асоцијација за традиционални спортови

Федерацијата за пеливанско борење на Македонија стана членка на Европската асоцијација за традиционални спортови.

На 23 октоммври во Светвинченат, Хрватска, се одржа Генералното собрание на Европската асоцијација на традиционалните спортови (ETSGA-AEJST), на кое учествуваше Националнта Федерацијата за пеливанско борење и која беше примена во полноправно членство на Европската асоцијација за традиционалните спортови.

Нашата делегација ја предводеше генералниот секретар Хамид Бакија.

„Овој датум ќе биде запишан како историски ден за нашиот традиционалениот спорт (пеливанството). Впрочем, и го заслужува овој епитет, да биде на листата на една ваква високо европската асоцијација за традиционален спорт“, вели Хамид и додава:

„Самиот чин на членството во (ETSGA-AEJST) покажува дека Пеливанскта Федерација покажува дека е на добр пат да го промовира низ цел свет нашиот традиционален пеливанскиот спорт и да бидеме рамномерно претпознаени во светот со останатите боречки традиционални спортови“.

Благодарение на стручната и тимската работа на Федерацијата за пеливанско борење на Македонија на чело со претседателот Амет Осман и останатите членови и органи на Федрацијата, вели Хамид и истакнува дека ова е доказ за успешна и профисионална афирмација на пеливанскиот спорт во земјата и во регионот .

Во 2022 година во Македонија ќе биде домаќин на Балканското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО