Погледнете како изгледа лицето на Верховен по пресметката со Џамал Бен Садик (ФОТО)

Шампионот на Глоори во тешка категорија, Рико Верховен, го победи Џамал ​​Бен Садик во главната борба на саботниот настан во Арнем со прекин во четвртата рунда.

За Верховен тоа беше веројатно најтешката одбрана на титулата во кариерата. Во првиот дел од мечот белгиско-мароканскиот кикбоксер доминираше и му нанесе значителна штета на шампионот.

Рико се здоби со сериозна расекотина под левото око, кое подоцна целосно се затвори од отокот.

Но, повредата не му пречеше на шампионот, па го сврте дуелот и за 56 секунди од четвртата рунда стигна до триумфот.

Имено, противникот беше целосно исцрпен и не можеше да ја продолжи борбата.

И Верховен беше видно исцрпен, но знаеше кога да притисне. Тоа беше негова 15-та победа во низа.

„Секако дека болеше“, призна Рико Верховен по мечот, додавајќи:

„Го чувствувате секој удар на тоа место. Но, борецот едноставно мора да се исклучи и да продолжи понатаму“.

Фотографиите од повредата на Верховен ги преплавија социјалните мрежи, а шампионот сподели една со фановите.

Во продолжение погледнете во неколку објави како изгледаше лицето на Рико по борбата против Бен Садик:

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО