Фаворит за наградата на Би Би Си

Entoni dzosua vo maicka

Ентони Џошуа е прогласен за фаворит од букмејкерите во трката за наградата Спортска личност на годината. Анкетата е организирана од британската телевизија БиБиСи. Церемонијата ќе се одржи во декември во Бирмингем.

Коефициентот на Џошуа за победник е 5.00. Досега Британецот има две победи од два натпревари, а победите се со импресивни нокаути. Тој ја освои титулата на Светскиот боксерски совет во тешка категорија по победата во април над Чарлс Мартин. Два и пол месеци подоцна Џошуа ја направи првата одбрана против Доминик Бризил.

Се очекува Англичанецот да направи уште еден меч.

Ентони Џошуа може да биде прв боксер по Џо Калзаги (2007), кој победува во изборот и вкупно петти претставник на овој спорт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО