Фатон Салиху го исполнува ветувањето, Габриеле Мартели ќе одржи семинар и полагање за тренерски ИБА лиценци со една ѕвездичка

При изборот за претседател на Боксерската федерација на Македонија Фатон Салиху вети дека ќе работи за унапредување на боксот, повеќе настапи на меѓународната сцена, усовршување и лиценцирање на тренерите и судиите.

Не помина долго време, Фатон Салиху најавата за лиценцирање на тренери со ИБА ѕвездичка ја остварува, бидејќи за 3 ноември во Скопје е закажан семинарот со претседателот на Инструкторска комисија на ИБА, Габриеле Мартели од Малта.

Една недела ќе држи предавања, а потоа ќе има полагање – теоретски и практичен дел.

Ова е чекор напред во работата со тренерите и нивното унапредување. Тоа подразбира фаќање чекор со европските и светските трендови.

Мартели истакнува дека сака да ги види македонските тренери како работат.

Еве го видео обраќањето на Мартели:

https://www.facebook.com/reel/353783043884544?mibextid=F9SUZr

https://www.facebook.com/reel/353783043884544?mibextid=F9SUZr

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО