Фати Вејсели успеа, ќе се бори за бронза на Светското првенство (ФОТО)

Фати Вејсели ја извојува третата победа на Светското превнство во борење слободен стил за јуниори во Трнава, Словачка, која му донесе борба за бронзениот медал, за кој треба да се бори попладнево со Молдавецот Николај Грамез.

Вејсели во репасажот одлично се бореше со Буд Батаатар од Монголија совладувајќи го со 18 – 6, односно технички туш на 24 секунди до крајот.

Ова е голем успех на нашиот борач кој може да го круниса со медал, а и поттик за македонското борење.

Резултати
Фати Вејсели – Никола Левенов (Бугарија) 3-0
Фати Вејсели – Ахмет Јигит (Турција) 12-6
Фати Вејсели – Амирхосеин Магсуди (Иран) 0-10

Репасаж
Фати Вејсели – Буд Батбаатар (Монголија) 18-6 (технички туш)

За бронза
Фати Вејсели – Никоај Грамез (Молдавија)

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО