Фановите ги сакаат Верховен и Думбе во Куќата на славните на Глори

Најпознатата кик бокс организација во светот Глори им постави интригантно прашање на своите фанови.

Организацијата сака да знае кои миленици сакаат да ги видат во Куќата на славните на Глори. Ова прашање предизвика жива дискусија меѓу спортските ентузијасти, при што се појавија неколку имиња. Две имиња кои се споменуваат исклучително често се оние на шампионот на Глори, Рико Верховен и Седрик Думбе, кој е поранешен шампион на лигата.

Двајцата без сомнение се меѓу најдобрите во историјата на организацијата. Рико владее скоро 9 години во Глори, во кои има 11 одбрани на титулата во тешка категорија. Думбе, пак, е поранешен шампион во полусредна категорија на Глори со 5 одбрани на појасот.

Седрик има скор од 75-7-1 во кик-бокс и 45 победи со нокаут. Рико пак има скор од 61-10 во рингот и има 20 победи со нокаут. И двајцата заслужуваат да бидат во Куќата на славните и сигурно ќе бидат таму еден ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by GLORY Kickboxing (@glorykickboxing)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО