Фаик Весели ќе бори за златниот медал на Европското првенство, Смилковски за бронзата

Фаик Весели се пласира во финалето на Европското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Сочи, Русија, додека Столе Смилковски ќе се бори за бронзенниот медал. Македонија обезбеди најмалку сребрен медал од ЕП во Русија.

Весели во категоријата до 61 килограм избојува четири победи и финалето ќе се бори со Хумат Башхалиев од Азербејџан. Фаик во полуфиналето го совлада Султан Ечајев од Израел со 4-0.

Смилковски во полуфиналето загуби 1-3 од Матео Ланди од Италија. Во репасажот го чека противникот во борбата за бронзениот медал.

Резултати
Јуниори
-55 кг
Столе Смилковски – Жонас Вилар (Португалија) 8-0 во 2.коло
Столе Смилковски – Бенце Чопу (Унгарија) 2-0
Столе Смилковски – Матео Ланди (Италија) 1-3 во полуфинале
Столе Смилковски – чека противник за бронза

-61 кг
Фаик Весели – Мимолат Багаев (Словачка) 0-0
Фаик Весели – Алесио Ванакоре (Швајцарија) 3-0
Фаик Весели – Алберто Морено Хименез (Шпанија) 2-0
Фаик Весели – Султан Ечајев (Израел) 4-0
Финале
Фаик Весели – Хумат Башхалиев (Азербејџан)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON