АктуелноБоксПрофесионален

Фабио Вордли сака меч против најдобрите во категоријата: Фјури и Еј Џеј се момците со кои би го делел рингот

Тајсон Фјури ги имаше последните две борби минатата година кога двапати загуби од Александар Усик, тоа му беа единствените порази во кариерата.

Неколку недели по поразот во декември, поранешниот шампион во тешка категорија на ВБЦ одлучи да се пензионира.

„Џипси Кинг“ повремено објавуваше видеа од тренинг во текот на 2025 година, но никогаш отворено не проговори за можното враќање.

Сепак, во последните недели се појавија гласини дека Фјури треба да се врати на рингот следната година, што го навестуваат изјавите на промоторите Френк Ворен и Еди Херн.

Фјури порано велеше дека би сакал трилогија против Усик, но се чини дека навивачите не се премногу заинтересирани за тоа, тие би сакале да го видат во борба со сонародникот Ентони Џошуа.

Но, сега доби понуда од актуелниот шампион во тешка категорија на ВБО Фабио Вордли, кој сака да се бори против најдобрите во дивизијата, а еден од нив е „Џипси Кинг“.

„Сакам најдобри борци и најдобри мечеви. Погледнете ја мојата кариера, пред да станам светски шампион не бирав противник. Не сум некој што избира лесна борба или бара нешто лесно“, рече Фабио Вордли и продолжи:

„Секогаш сакам да бидам преокупиран со нешто, не ми е важно кои се врвните момци. Знам дека Фјури спомена враќање пред некој ден, а Еј Џеј се справува со Џејк Пол. Но, тоа се момците со кои би го делел рингот“.

Во последната борба во октомври Вордли го победи Џозеф Паркер и го освои привремениот шампионски појас на ВБО, кој наскоро го замени за вистинскиот откако Усик ја напушти титулата.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON