Европскиот шампион Бобан Илиоски и бронзената Викторија Варадинова имаа прием во АМС

Европскиот шампион во кик бокс Бобан Илиоски и носителката на бронзениот медал на Европското првенство во Анталија, Турција, имаа прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски. На овој свечен чин присуствуваа и селекторот на репрезентацијата Дејан Митровски-Урко и тренерот Драган Атанасовски.  

Мојсовски упати честитки на медалистите, истакнувајќи дека успесите на сите спортисти кои како вистински амбасадори ја претставуваат нашата држава се важни, но посебно е задоволството кога станува збор за европски првак.

„Спортистите имаат за цел да тренираат и остваруваат врвни резултати, а останатите работи се задача на националните спортски федерации и државните институции“, нагласи Мосјовски и додаде дека македонската химна одекнала во Анталија во чест на европскиот првак Бобан Илиоски, потенцирајќи дека Викторија Варадинова успеала во првиот настап во сениорска конкуренција да го освои бронзениот медал, што претставува огромен успех.

За постигнатиот успех добија признанија од АМС.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON