Европскиот првак Матеј Белистојаноски: Ќе атакувам и на сениорски медал на ЕП во Германија
„Во финалниот меч влегов доста мотивирано, концентрирано и одлична тактичка поставеност од страна на мојот тренерски тим и мојата дисциплинираност и исполнителност резултираше со победа“.

Европскиот првак во карате за млади сениори до 21 година (У-21) Матеј Белистојаноски зборуваше за периодот пред Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол, Кипар, што се одржа изминатиов викенд, но и за чувствата, финалето и очекувањата оваа година.

Матеј, кој е член на Олимпик спорт од Скопје, инаку роден прилепчанец, златниот медал го освои со победата над Гркот Георгиос Балиотис со 2-0.

За подготвителниот период и настапот на ЕП Белистојаноски вели:
„По периодот на рехабилитација од операцијата на рамото, со голем труд, напор и работа се вратив посилен и побогат со злато од Карате 1 Серија А во Тбилиси, Грузија, и Европското првенсто за У-21“.
За импресиите од финалниот меч.
„Во финалниот меч влегов доста мотивирано, концентрирано и со одлична тактичка поставеност од страна на мојот тренерски тим, и со мојата дисциплинираност и исполнителност, тоа резултираше со победа“.
Дали Карате 1 Серија А беше вовед за златениот медал на ЕП?
„Серија А во Грузија ми даде голема мотивираност и самодоверба пред влез на ова првенство, и ми беше од големо значење“.

И татко и син освоија медали на ЕП. Пеце Белистојаноски му е татко на Матеј кој освои бронзен медал на ЕП 1994 година во Мадрид, Шпанија. Што значи тоа за тебе?
„Инспирација од кариерата на мојот татко и заедно се радуваме што полека ги надминувам неговите резултати“.
Кави се плановите за оваа година?
„Да ме служи здравје! Сега сите планови се насочени кон сениорската конкуренција. Во март имам настап на Премиер лигата во Рим,а тоа ќе биде мое прво учество на Премиер лигата. Потоа следува Државното сениорско првенство и се надевам на настап на Европското сениорско првенство во Франкфурт, Германија, каде што ќе го нападнам европскиот сениорски медал.

Резултати – Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Лимасол:
У-21
-67 кг
Матеј Белистојаноски – Микита Бахамолец (ВКФ) 9-1
Матеј Белистојаноски – Ригерс Рами (Албанија) 5-1
Матеј Белистојаноски – Џое Галагер (Шкотска) 4-1
Матеј Белистојаноски – Емин Ежа (Белгија) 5-4
Матеј Белистојаноски – Назари Прањчук (Украина) 5-4
Финале
Матеј Белистојаноски – Георгиос Балиотис (Грција) 2-0



