Европскиот првак Бобан Илиоски: Многу сум среќен за освојувањето на златото! Догодина на ред е светската титула!

„Се чувствувам одлично и многу сум среќен за освојувањето на златото и титулата европски првак. Овде не застанувам“, изјави европскиот првак во кик бокс Бобан Илиоски по освојувањето на титулата за Ипон.мк и додаде:

„За десетина дена на 3 декември со моите тренери одиме на престижниот турнир Сенши на предходно договорената профи борба против Едуард Алексијан од Бугарија, а другата година одиме на освојување на светското злато“.

Илиоски од се срце ги поздрави и им се забалагодари на нашите навивачи, Македонци кои во голем број беа на трибините и го бодреа до освојувањето на титулата.

„Им благодарам на мојата фамилија, моите тренери, клупски другари и сите кои ми помагаа, поддржуваа и храбреа. Благодарност до Агенцијата млади и спорт начело со директорот Наумче Мојсовски и Македонскиот олимписки комитет, односно претседателот Даниел Димески, кој секогаш ни се ветер во грб и од голема помош на нас спортистите и лично на мене во постигнувањето на врвни резултати. Да живее Македонија“, порача Илиоски.

Илиоски во бората за златниот медал го совлада Христо Калајџиев од Бугарија со 3-0 на Европското кик бокс првенство за сениори во Анталија, Турција.

Резултати Европско првенство:

Лоу кик
-86 кг
Бобан Илиоски – Мартин Лоренц (Чешка) 3-0
Бобан Илиоски – Борна Манојловиќ (Хрватска) 3-0
Финале
Бобан Илиоски – Христо Калајџиев (Бугарија) 3-0

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО