Боб Арум верува дека следен противник на Фјури е Усик: Би било лудост да не се договори тој меч

Откако ИБФ му нареди на Александр Усик меч во кој ќе го брани шампионскиот појас против хрватскиот боксер Филип Хрговиќ, тимот на украинскиот борец не е премногу загрижен.

Имено, неговиот промотер Алекс Красјук истакнува дека Усик за следен противник го сака само Тајсон Фјури.

Во август Филип стана задолжителен предизвикувач на ИБФ во тешка категорија со неговата победа против Жилеј Жанг

„Должноста кон задолжителните предизвикувачи нема да влијае на нашите планови за обединување на шампионските појаси“, истакна Алекс Красјук и додаде:

„Усик сака меч за апсолутниот светски шампион и верувам дека тоа ќе се случи наскоро“.

Тајсон Фјури на 3 декември се бори против Дерек Чисора, а потоа планира да се фокусира на борбата против Усик, која би можела да биде договорена за февруари или март следната година. Ова го потврди копромотерот на Фјури, Боб Арум.

„Фјури и неговиот тим сакаат меч против Усик. Неговиот менаџер Егис Климас ми е многу добар пријател, а и Усик е мој пријател и затоа знам дека и тие го сакаат тој меч“, изјави Боб Арум и додаде:

„Верувам дека оваа борба може да се договори за крајот на февруари или точно на почетокот на март. Тоа го сакаат Тајсон и Усик. Би било лудо да не се организира тој меч“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО